Утрински Весник
Македонија

Кривична пријава за поранешното раководство на Град Скопје поради веб-страница платена 75.000 евра

Кривична пријава за поранешното раководство на Град Скопје поради веб-страница платена 75.000 евра

Претходното раководство на Градот Скопје платило сума од над 75.000 евра за изработка на официјален веб портал на градот кој никогаш не профункционирал во целост, односно градот платил поголема сума од реалната за ваков тип на услуга која не била реализирана како што било предвидено, изјави Даниел Апостолоски, советник за односи со јавност во Град Скопје.

Тој нагласи дека Град Скопје ќе поднесе кривична пријава за злоупотреба на службената положба и овластување и несовесно работење во службата за поранешни и сегашни вработени во градската адиминистрација.

„Против поранешниот генерален секретар на Град Скопје, Викторија Аврамовска Мадиќ, поранешниот помошник раководител на сектор за поддршка на градоначалникот, Ваљон Салиху, раководителот на одделението за ИКТ инфраструктура, Никола Трајковски, како и вишиот соработник во одделение за координација на активности на градоначалникот, Влатко Васиљ“, посочи Апостолоски.

Тој објасни дека пријавените Никола Трајковски, Ваљон Салиху и Викторија Аврамовска Мадиќ искористувајќи ја својата службена положба потпишале и одобриле исплата на вкупната вредност на договорот во износ од 4.717.640 денари или над 75.000 евра за услуга која не е целосно извршена и испорачана на Град Скопје согласно договорот, на кој начин пријавените прибавиле имотна корист за друг и нанеле штета на буџетот на Град Скопје.

„Не е извршена целосна миграција на податоци од постојната веб страна на Град Скопје и не е предаден порталот, за што пријавените со свои потписи потврдиле дека се извршени и предадени поединечните фази од наведениот проект, иако знаеле дека истите не се испорачани и иако им било познато дека договорот не е во целост реализиран“, кажа советникот за односи со јавност во Град Скопје.

 

Можете да прочитате

Пронајден починат маж во својот дом во Скопје

МВР со предупредување: Чувајте се од измами поврзани со „Конти“

Мицкоски контра Платформата за борба против корупција: До вчера ми велеа дека слабо оди менувањето кадри во институциите, а сега тврдат дека сме партизирале