Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Кривична пријава за охриѓанец што организирал семејна прослава со 20 гости

Вработена како обезбедување нападнала скопјанец во барака на Општина Кисела Вода
Img 7972

Охриѓанецот Ш. К. (47) среде пандемија организирал семејна прослава со присуство на 20 гости.

„СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ш. К. (47) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело непостапување според здравствените прописи за време на епидемија. На 21.11.2020, при извршена контрола во домот на пријавениот, полициски службеници констатирале дека организирал семејна веселба со присуство на 20 гости. Со тоа пријавениот постапил спротивно на одлуката и препораката за заштита на здравјето на населението од коронавирусот“, соопшти МВР.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Алејата на ангелите во Кочани повторно зборува без зборови

Николоски од Охрид: Кирил Пецаков ќе има историски најголема победа

Филипче од Струмица: Даскаловски е човек од теренот, СДСМ се враќа и ќе победи