Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Кривична пријава за лице од Кочани за ширење лажна вест дека е позитивно на КОВИД-19

Кривична пријава за лице од Кочани за ширење лажна вест дека е позитивно на КОВИД-19
300x250 opst2

Кочани, 1 април 2019 (МИА) – Кочанската полиција поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство против лице од Кочани кое на социјалните мрежи проширило лажна вест дека е позитивно на коронавирусот.

По добиеното известување, полициските службеници го испитале случајот и поради основани сомненија дека е прекршен членот 206 од Кривичниот законик во врска со здравствените прописи за време на епидемија, поднесена е пријавата.

– На 31 март пријавената на својот профил на социјалната мрежа фејсбук направила достапна за јавноста лажна вест дека е заразена со КОВИД-19 и ги повикува сите кои биле во контакт со неа да се тестираат заради утврдување на заболеност. Таа претходно не била тестирана заради утврдување на присуство на коронавирусот, се истакнува во известувањето од Органот за внатрешни работи – Кочани.

Од полицијата дополнуваат дека ширењето лажни вести ја компликува и онака сложената состојба со заштитата од КОВИД-19.

Според надлежните, мерката што е преземана е јавна опомена дека во услови кога секој има свој слободен простор на социјалните мрежи, треба внимателно да се однесува и да не внесува немир и паника во јавноста. та/мч/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Универзална сала и Вардариште вечни ветувања за Скопје што никогаш не се реализираа

Падна дел од фасадата во центарот на Скопје, ограден е делот на тротоарот поради опасност за минувачите

Стоп за вардариште од утре ќе протестираат од 15 до 18 часот на мостот „Близнак“