Утрински Весник
Македонија

Кривична пријава за лихварство против 43-годишна жена од Кочани

Одделението за внатрешни работи Кочани до Основно јавно обвинителство Кочани поднесе кривична пријава против С.И.(43) од Кочани, поради постоење основи на сомнение дека сторила кривично дело „лихварство“ предвидено во Кривичниот законик.

Имено пријавената, во месец октомври 2018 година на женско лице од Кочани ѝ дала на заем 50 евра, а за услугата договорила за себе 1.500 денари месечна камата сѐ до враќање на главниот долг.

С.И., злоупотребувајќи ја тешката имотна состојба и потребата на пријавителката, во периодот од ноември 2018 до март 2022 година остварила противправна имотна корист во износ од 33.000 денари и предмет во вредност од 20.700 денари. Односно, оштетената за заем од 50 евра на пријавената ѝ вратила 53.700 денари.

Можете да прочитате

Мицкоски: Ќе нема предвремени парламентарни избори

Вонредна вест: Врие од полиција во Прилеп – пресметка помеѓу две поголеми групи (ВИДЕО)

Левица: Касами делел тендери од 100.000 евра на фирма-донатор на БЕСА