Утрински Весник
Македонија

Кривична пријава за измамници од Скопје, мета им биле локали од Струмица

Кривична пријава за измамници од Скопје, мета им биле локали од Струмица

Полициски службеници од СВР Струмица вчера расчистиле неколку кривични дела измама извршени на подрачјето на Струмица, при што е утврдено дека сторител е скопјанец со иницијали Б.А, кој во моментот е на издржување затворска казна во Идризово.

Имено, истиот ден, управител на угостителски објект во Струмица, пријавил дека едно лице, кое телефонски се претставило како претставник на правно лице, направило резервација во објектот за повеќе гости, а воедно побарало од пријавителот да даде 29.000 денари за подароци за гостите кои ќе му бидат вратени по пристигнување во угостителскиот објект.

Во консултација со јавен обвинител, по преземени мерки и активности, побараните пари се испратени на претходно посочената локација во Скопје кај Л.Л. од Скопје, по што во соработка со полициски службеници од СВР Скопје, таа била лишена од слобода.

Во меѓувреме Л.Л. на ист начин добила дополнителни 27.000, од друг угостителски објект од Струмица, чиј сопственик нешто подоцна ја пријавил измамата.

Таа во разговор со полициски службеници појаснила дека во договор со Б.А. во повеќе наврати земала пари. Истиот ден бил направен и обид за измама и во уште еден угостителски објект од Струмица. Против измамниците ќе биде поднесена кривична пријава по член 247 од Кривичниот законик.

Можете да прочитате

Локални избори 2025: Најмладиот кандидат за градоначалник има 23, настариот 79 години

ВМРО-ДПМНЕ: Делата ја демантираат реториката на Мојсоска и Левица, иако е пратеник, само годинава од партијата инкасирала 3 пати по 54.000 денари

МЕТЕОАЛАРМ РАНА НАЈАВА: Од 26 септември голема временска промена, многу врнежи и значително ладно!