Утрински Весник
Македонија

Кривична пријава за измамник од Скопје, сакал да наплати осигурување за измислена сообраќајка

Кривична пријава за измамник од Скопје, сакал да наплати осигурување за измислена сообраќајка
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје, има поднесено кривична пријава против В.Р.(58) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама” казниво по Кривичниот законик.

Имено во текот на јули 2019 година пријавениот се обидел да ги доведе во заблуда одговорните лица во осигурителна компанија во Скопје.

Тој во својство на осигуреник/договарач на полиса за каско осигурување на неговото патничко возило „ауди а4“, поднел барање за надомест на штета од наводна сообраќајна несреќа со возилото, која, според неговото тврдење, се случила на територијата на Република Албанија во истиот месец и во прилог на барањето приложил документација со изјава наводно издадена од овластени лица од МВР на Република Албанија.

По преземени мерки било утврдено дека на наведениот ден нема заведена сообраќајна несреќа во Република Албанија и на тој начин пријавениот се обидел да ги доведе во заблуда одговорните лица во осигурителната компанија да му исплатат надомест на штета во износ од 924.423 денари.

Можете да прочитате

Од утре попладне доаѓаат дождови и снегови

Поставена новогодишна елка во Охридското езеро

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерно е СДСМ да зборува за загаден воздух