Утрински Весник
Македонија

Кривична пријава за жител на Трпејца, со лажен елаборат изградил куќа во Националниот парк „Галичица“

Кривична пријава за жител на Трпејца, со лажен елаборат изградил куќа во Националниот парк „Галичица“

Полицијата поднесе кривична пријава против жител на Трпејца затоа што со фалсификат геодетски елаборат изградил куќа во месноста „Трпејчко кале“ што е во состав на Националниот парк „Галичица“.

Според информациите на МВР, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Н.Л.(76) од охридското село Трпејца, поради постоење основи на сомнение дека е сторител на казнените дела „бесправно градење“, „узурпација на недвижности” и „употреба на исправа со невевистинита содржина“, како и против В.К.(53) од Охрид поради сторено казнено дело „фалсификување или уништување деловни книги”.

Првопријавениот, во период од август-декември 2020 година, на катарстарска парцела во селото Трпејца, во месноста „Трпејчко кале“ што е во состав на Националниот парк „Галичица“, без да поседува одобрени за градба изградил индивидуален објект и како доказ употребил фалсификат геодетски елаборат, изработен од второпријавениот.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Халата за лесна индустрија станала клуб без знаење на сопственикот, тврди одбраната

Тодор продавал карти, но немал право да легитимира или контролира влез вели одбраната

Велковски: Ќе се градат типски куќи за бездомниците во Скопје