Дебар,18 мај 2020 (МИА) – Дебранец заработи кривични пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.
– Одделението за внтарешни работи од Дебар поднесе кривична пријава против Д.К.(38) од Дебар. Тој, на први мај во 18:15 часот, е затекнат на улицата ,,Братсво единство“ во Дебар при што, полициските службеници констатирале дека нема соодветна дозвола за движење во полициски час, издадена од надлежен орган, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи од Охрид.
Во досегашниот период, од прогласувањето на вонредната состојба поради пандемијата со Ковид-19, ОВР Дебар има поднесено десеттина кривични пријави за дебрани кои го сториле истото казниво дело.
Според Димоски, во текот на изминатото деноноќие, за време на полицискиот час и спроведувањето на мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на коронавирусот, на подрачјето на ОВР Дебар не се регистрирани непочитувања на истите. Во истиот период, не се пријавени и регистрирани нарушувања на јавниот ред и мир, кражби и сообраќајни незгоди.
Во Дебар,кој беше првото жариште на Ковид-19 во државава повеќе од еден месец не се регистрирани новозаразени лица. Бројот останува 51,од нив излекувани 47а починати се четири лица.
Во последното деноноќие,според полициската статистика се извршени 14 контроли на лица во самоизолација. вт/цр