Утрински Весник
Македонија

Кривична пријава за две лица, злоупотребувале платежни картички

Кривична пријава за две лица, злоупотребувале платежни картички

Единицата за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против А.Ѓ.(23) и А.Ѓ(25), двајцата од с.Рашче, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем” по член 251 и „изработка и употреба на лажна платежна картичка” по член 274 Б од Кривичниот законик.

Првопријавениот, во периодот од септември до декември 2021, додека бил вработен во правно лице во Скопје на работно место продавач, искористувајќи поволна прилика, со својот мобилен телефон ги фотографирал идентификационите податоци од платежните картички заедно со пин кодот од картичките на купувачите, кои му ги давале за плаќање на купената стока.

На тој начин успеал да собере податоци на 17 граѓани и потоа, заедно со второпријавениот ги искористиле во неколку наврати за плаќање на комунални сметки и нарачки на производи.

По преземени мерки, било утврдено дека пријавените се сторители на делата.

Со судска наредба биле извршени претреси во нивните домови во с.Рашче и биле пронајдени докази за извршување на кривичните дела.

Можете да прочитате

Чупеска: Граѓаните ја изгубија вербата во демократските институции и во можноста за остварување на правда

ДУИ: Власта ја блокира европската иднина на државата

Кадмиумот од Трубарово е канцероген, а тоа го дознаваме седум дена по еколошката хаварија