Утрински Весник
Македонија

Кривична пријава за двајца охриѓани поради злоупотреба на службената положба и овластувања

Вработена како обезбедување нападнала скопјанец во барака на Општина Кисела Вода
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Полицијата во Кичево поднесе кривична пријава против Р.Џ.(50) од Охрид, вработен во шпедиција, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „фалсификување на исправа“ и „употреба на исправа со невистинита содржина“ и против М.М.(44) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „употреба на исправа со невистинита содржина“.

Според информации од полицијата, лицето Р.Џ. изработило две различни царински декларации за исто патничко возило и ги употребило во постапка за идентификација во Бирото за метрологија-Скопје.

По извршениот технички преглед од страна на ЦВО Охрид, каде потписник е М.М., во ОУР Кичево била издадена сообраќајна дозвола за возилото.

Можете да прочитате

Сообраќајна несреќа го блокира патот Кочани – Штип

До 250 деца дневно во „Козле“ поради силен бран на грип

Беким Сали е именуван за прв заменик – претседател на Владата