Утрински Весник
Македонија

Кривична пријава за двајца кичевци за прекршување на полицискиот час

Кривична пријава за двајца кичевци за прекршување на полицискиот час

Кичево, 2 април 2020 (МИА) – ОВР Кичево поднесе кривична пријава против В.Ј. (21) и Г.Р. (18) и двајцата од Кичево поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

-Тие, на 29 март во 18:30 часот, кога на сила била мерката за ограничено движење, биле затекнати на улицата „Методија Стефаноски“ во Кичево, по што биле приведени во полициска станица, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Пријавените, како што вели, не се придржувале до мерката за забрана за движење на граѓаните во временскиот период од 16:00 до 5:00 часот заради спречување на ширење на коронавирус COVID – 19, предвидена во одлуката на Владата. рз/вј/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Нова акција: Полиција упадна во фабрика за марихуана во Валандово

Јане Ченто: Артан Груби во куќен притвор, јас 28 месеци во притвор

Маж се обидел со фалсификат диплома да поднесе документи за возачка дозвола