Утрински Весник
Македонија

Кривична и притвор за двајца дилери на дрога во Неготино

Кривична и притвор за двајца дилери на дрога во Неготино

Скопје, 22 февруари 2020 (МИА) – Кривична пријава и притвор заработија двајца дилери на дрога во Неготино. Пред еден месец двајцата излегле од затвор и веднаш почнале да „дилаат“.

Како што соопшти МВР, одделението за внатрешни работи Неготино поднесе кривична пријава против А.Т.(42) од Неготино и М.А.(29) од село Корешница, демиркаписко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

-На 20 февруари 2020 година во периодот од 11:30 до 13:30 часот, врз основа на судска наредба, бил извршен претрес во домот на А.Т. во Неготино, при што биле пронајдени кокаин и хероин, кои биле спакувани за улична продажба. Додека, во периодот од 14:15 и 15:30 часот бил извршен претрес во домот М.А.во село Корешница, при што биле пронајдени марихуана и амфетамин, кои биле спакувани за улична продажба, се наведува во полициското соопштение.

Веднаш потоа, лицата биле приведени во полициска станица, а судија на претходна постапка им одредил притвор во траење од 30 дена.

Според МВР, двете лица се познати дилери на дрога на подрачјето на Неготино и повеќе пати издржувале затворски казни за недозволена трговија со дрога. Пред еден месец и двајцата излегле од затвор и веднаш продолжиле со улична продажба на дрога. бк/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Возилото било кај зградата на Вања три дена пред грабнувањето, вели сведокот на денешното рочиште

Следните неколку денови стабилно, па повторно промена и дожд

Молика стара 250 години уништена од силен ветер