Полицаец вработен во Полициската станица за ГП и ГН Деве Баир, зел пари од патник за да го пушти да ја помине границата без негативен ПЦР-тест. Според информациите, полицаецот побарал мито за да не изврши службено дејство, кое морал да го изврши на граничниот премин Деве Баир.
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до надлежното ОЈО за ГОКК поднесе кривична пријава против полицискиот службеник И. Г.
Пријавениот, на 16.4.2022, од оштетениот А. Ѓ. побарал и примил парични средства, односно му овозможил да ја помине границата, без валиден негативен ПЦР-тест, кој во тој период бил задолжителен при влез во Република Северна Македонија. Против полицискиот службеник ќе биде поведена и постапка за утврдување дисциплинска одговорност, како и отстранување од работното место до завршување на дисциплинската постапка.