Утрински Весник
Македонија

Кривична за лицето кое фрлаше „молотови коктели“ кон полицискиот кордон пред Собранието

Единицата за насилен криминал – Одделение за насилен криминал при СВР Скопје до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава по брза постапка против А.Ф.(26) од Скопје, поради постоење на основи на сомнение за сторени две кривични дела, и тоа „учество во толпа што ќе изврши кривично дело“, казниво по член 385 и „предизвикување општа опасност“, казниво по член 288 од Кривичниот законик.

dobivaj vesti na viber

Имено, на 05.07.2022 година околу 21.00 часот, за време на одржување на ненајавен сoбир на граѓани организиран преку социјални мрежи, А.Ф. заедно со веќе приведениот Ј.С., кој со кривичната пријава издржува и мерка притвор, започнал да подготвува „молотови коктели“ и да фрла со нив кон полициските службеници и кон објектот на Собранието на РСМ.

По преземени мерки и активности од страна на полициските службеници од Единицата за интервентна полиција, во координација со АНБ, А.Ф. е лишен од слобода, обезбедени се сите докази против него и во координација со ОЈО Скопје тој е изнесен пред Јавен обвинител за понатамошна постапка.

Можете да прочитате

Синот на Субрата Рој уште е на избирачкиот список

Филипче до Мицкоски: Зошто не дозволувате декласификација за случајот со АНБ, јавниот интерес треба да е пред сè

Тошковски во посета на СВР Охрид и ОВР Струга: Забележителни резултати во справување со насилниот криминал и подобрување на сообраќајната безбедност, активно работиме и на „One Stop” системот со Албанија