Утрински Весник
Македонија

Кривична за гостиварец, почнал да гради на државно земјиште во Маврово

Кривична за гостиварец, почнал да гради на државно земјиште во Маврово

Полицијата поднесе кривична пријава против жител на Гостивар за бесправно градење во Маврово.

Според информациите на МВР, поднесена е пријава против И.Д.(51) поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела узурпација на недвижности и бесправно градење.

Во мај 2021 година тој узурпирал државно земјиште во општина Маврово и Ростуше и поставил бетонски греди и столбови без одобрение за градба издаден од надлежен орган, со што пријавениот се стекнал со противправна имотна корист и го оштетил државниот буџет.

Можете да прочитате

Муцунски: Ќе бидеме прва земја во Европа која во мандатот на оваа администрација ќе оддржи стратешки дијалог со САД во Вашингтон

Убиство во Охрид: Осомничениот уапсен неколку часа по злосторството

„Europe House“ го одбележа Светскиот ден на поезијата со неколку настани низ државата