Утрински Весник
Македонија

Кривичен суд: Невозможно е од судот да протекла информацијата за притворот на Мијалков

Кривичен суд: Невозможно е од судот да протекла информацијата за притворот на Мијалков
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Кривичниот суд преку соопштение до медиумите напоменува дека по однос на поднесениот предлог за притвор на обвинетиот Сашо Мијалков, постапувал итно, крајно професионално и стручно, донесувајќи одлука во најкус можен временски период, со примена на мерки за обезбедување на целосна тајност во постапувањето. Од судот додаваат дека извршиле интерни проверки.

„ Од поднесување на предлогот до изготвување на решението поминале севкупно три и половина часа, од 15 до 18:30 часот. Одлуката е донесена во недела(неработен ден) иако советот можел да одлучува и во понеделник до 15 часот, имајќи во предвид да рокот за одлучување е 24 часа. Судот тврди дека е невозмозно од судот да протекла информација дека е поднесен предлог за притвор против обвинетиот С.М. бидејки во критичниот период од 15 до 18:30 часот, сите што имале увид во предлогот имале взаемна визуелна контрола едни на други, со телефоните оставени на видливо место“ велат од судот.

Оттаму додаваат дека објавата за пресудата по предметот во јавноста познат како „Таргет-Тврдина“ е закажана за утре (26.02.2021 година) во 10 часот.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Вечерва тешко проодни патишта и заглавени возила низ Македонија

Хаос во кафуле во Гостивар: Тепачка, пукање и паника меѓу гостите

Внимание возачи: Патиштата се лизгави поради ледени врнежи