Утрински Весник
Свет

Кремљ: Тајно се преговара за размена на заробеници со САД

Преговорите меѓу САД и Русија за размена на затвореници, вклучувајќи ја и кошаркарката Бритни Гринер, мора да се водат тајно, соопшти Кремљ.

dobivaj vesti na viber

„Знаеме дека за такви прашања се разговара без да се објавуваат никакви информации, изјави телефонски портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. „Јавноста вобичаено за тоа дознава кога договборите веќе се спроведени“.

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави дека американската администрација работи на постигнување договор со Русија што ќе им овозможи на Гринер и на уште еден притворен Американец, Пол Вилан, да се вратат дома.

Според неколку извештаи, рускиот трговец со оружје Виктор Бут, во замена, би можел да биде ослободен од американски затвор.

Гринер се соочува со 10-годишна затворска казна бидејќи при враќање во САД, во февруари, во нејзиниот багаж на аеродром во Москва било пронајдено масло од канабис. Таа професионално игра кошарка во руската лига, додекаво САД не е во тек кошаркарската сезона. Судскиот процес против неа за поседување дрога е во тек.

Порпаролката на руската дипломатија, Марија Захарова, во соопштение за медиумите потврди дека преговорите се во тек, но не нададе детали за разговорите.

„Пристапуваме со претпоставка дека во преговорите треба да се земат предвид интересите на двете страни“, рече таа.

Блинкен на брифинг во Вашингтон кажа дека наскоро ќе разговара за случајот со неговиот руски колега Сергеј Лавров, како и за продолжување на извозот на жито од Украина.

„Планирам да се осврнам на темата што за нас е приоритет: ослободувањето на Пол Вилан и Бритни Гринер, кои беа неправедно уапсени и треба да им биде дозволено да се вратат дома“, рече тој.

„Пред неколку недели ставивме значајна понуда на преговарачка маса за да го олесниме нивното ослободување“, додаде тој, одбивајќи да каже каква е понудата.

Можете да прочитате

Трамп: Во понеделник „голема изјава“ за Русија

Во срцето на летото: На алпите наврнаа 80 сантиметри снег!

Зеленски: Русија синоќа употреби околу 400 дронови и 18 ракети во Украина