Утрински Весник
Свет

Кремљ: Отворена е можноста за преговори со Украина

Официјален Кремљ објави дека Русија не се откажала од преговорите со Украина, кои би го решиле актуелниот конфликт.

dobivaj vesti na viber

Кремљ нагласи дека можностите за дијалог се уште постојат.

„Ниту претседателот на Русија, Владимир Путин, ниту министерот за надворешни работи, Сергеј Лавров, никогаш не зборувале за затворање на овие врати, постојат можности за дијалог меѓу Москва и Киев“, изјави за РИА Новости портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Претходно во интервју за РИА Новости и РТ, Лавров изјави дека во сегашната ситуација мировните преговори меѓу Русија и Украина немаат смисла.

Тој потсети дека дури и првите рунди од мировните преговори во текот на пролетта, кои се одржаа во Белорусија, „точно го покажаа отсуството на желбата на украинската страна сериозно да разговара за било што“.

Рускиот претседател Путин за време на посетата на Техеран објави дека украинските власти одбиле да ги спроведат договорите, иако тие се практично постигнати и дека конечниот резултат од преговорите зависи од желбата на договорните страни да ги исполнат постигнатите договори.

Според него, „властите во Киев немаат таква желба“, пренесува РИА Новости.

Можете да прочитате

Поранешниот шеф на МИ6, сер Алекс Јангер, тврди дека Путин „се преигра“ со Трамп

МО на Велика Британија: Руските загуби во војната надинуваат еден милион лица

Стејт департментот отпушта 1.300 вработени