Утрински Весник
Свет

Кремљ: Нема да поставуваме ултиматуми до НАТО, но ситуацијата е во критична точка

Кремљ: Нема да поставуваме ултиматуми до НАТО, но ситуацијата е во критична точка

Москва не поставува ултиматуми во преговорите со Западот, туку бара конкретни одговори за безбедносните прашања што ја мачат, соопшти Кремљ по денешниот почеток на разговорите помеѓу НАТО и Русија во Брисел.

Русија сака гаранции дека НАТО нема да се прошири понатаму на исток, дека ќе ги намали силите и оружјето во Европа и дека Украина никогаш нема да се приклучи на НАТО – што е главната црвена линија за Алијансата и Киев.

Американско-руските разговори во Женева во понеделникот не вродија со плод.

„Не преговараме од позиција на сила, нема простор за какви било ултиматуми. Но, ситуацијата достигна критична точка во однос на паневропската безбедност и нашите национални интереси и не можеме само да одложуваме. Прашањата што не загрижуваат бараат конкретни одговори“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Песков, исто така, повтори дека Русија е подготвена директно да преговара со Украина под услов да се исполнат обврските од постоечките договори.

НАТО вели дека голем број руски барања поднесени во декември се неприфатливи, вклучително и повикот за намалување на активностите на Алијансата на нивото од 1990-тите и ветувањето дека нема да прима нови членки.

На прашањето за можното членство на Финска во НАТО, Песков одговори дека НАТО служи како „инструмент за конфронтација“ и дека Русија е загрижена за какво било проширување на Алијансата.

Можете да прочитате

Градоначалникот на Нагасаки предупредува на нова нуклеарна војна

Глад и болести се шират во Судан, 25 милиони луѓе загрозени поради недостиг од храна

Германија го запира извозот на воена опрема во Израел и повикува на прекин на огнот во Газа