Утрински Весник
Свет

Кремљ: Карантин и темелно тестирање за лицата кои се среќаваат со Путин

Кремљ: Карантин и темелно тестирање за лицата кои се среќаваат со Путин
Dik 300x250 mk

Кремљ продолжува да презема посебни безбедносни мерки поради пандемијата на коронавирусот при организирање на состаноците на рускиот претседател Владимир Путин, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Лична средба со него е можна или по период минат во карантин или по многу темелно тестирање“, изјави Песков пред новинарите, а пренесе агенцијата Тасс.

Тој додаде дека специјалните мерки пред тет-а-тет средба со Путин зависат од ситуацијата и поединецот.

„Додека се на работа, некои луѓе може да бидат во контакт со заразени лица, некои од соговорниците на претседателот можеби биле болни неодамна итн. Како резултат на тоа, некои лица се подложени на многу темелно тестирање, некои остануваат во карантин со денови, некои пократок период“, објасни портпаролот на Кремљ.

Според него, имајќи предвид дека ситуацијата е далеку од нормална, се преземаат посебни мерки на претпазливост во врска со шефот на државата.

„Во исто време, ова не го спречува шефот на државата да го интензивира својот распоред за работа“, забележа Песков, објаснувајќи дека мисли на неговите состаноци и разговори по региони.

Можете да прочитате

Унгарија ќе започне разговори со САД за купување нуклеарно гориво

Кнесетот прелиминарно усвои два закона за проширување на израелскиот суверенитет на Западниот Брег, Нетанјаху против

Новата премиерка на Јапонија свири тапани за опуштање, има црн појас во карате и вози мотор