Утрински Весник
Свет

Кремљ за прв пат потврди дека планира да окупира големи украински градови

Кремљ за прв пат потврди дека планира да окупира големи украински градови

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека Москва планира да избегне цивилни жртви и да се воздржи од напади на големи населби, вклучително и Киев.

Но, во изјавата емитувана на државната телевизија Русија 24, Песков рече дека урбаната војна неизбежно ќе доведе до голем број цивилни жртви.

Тој додаде: „Министерството за одбрана, иако обезбедува максимална безбедност на цивилното население, не ја исклучува можноста да стави под своја целосна контрола големи центри на население, со исклучок на зоните што се користат за хуманитарна евакуација“.

Oва всушност е прво официјално признание од Кремљ дека планира да ги окупира големи градови во Украина.

Портпаролот на Путин, Песков, исто така, рече дека претставниците на САД и ЕУ ја туркаат Русија кон напади на големите украински градови со цел да ја префрлат одговорноста за смртта на цивили на Русија, пишува Би-би-си.

„Сметаме дека таквата позиција е провокаторска“, рече тој.

Песков, исто така, го нарече трагедија нападот на украинските вооружени сили врз сепаратистичката област Донецк, признаена како независна република од страна на Русија. Песков тврди дека се работи за напад врз цивили.

Тој исто така рече дека „се чини оти шефовите на Украина кои се преку океанот издаваат наредби за украинската армија“.

Можете да прочитате

Советот за безбедност на ОН: Израелското преземање на Газа би донело катастрофа

Советникот на Трамп за криптовалути ја напушта Белата куќа и се враќа во приватниот сектор

Нетанјаху: Мора да ја довршиме работата, жителите на Газа „молат“ да ги спасиме од Хамас