Утрински Весник
Свет

Кремљ жестоко ја осуди пресудата на Европскиот суд за Навални

Кремљ жестоко ја осуди пресудата на Европскиот суд за Навални

Одлуката на Европскиот суд за човекови права за Алексеј Навални е неприфатлив обид за мешање во внатрешните судски работи на Русија, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пренесува РТ.

„Одлуката е незаконска, таа е многу сериозен обид за мешање во внатрешните судски работи на Русија, што, според наше мислење, е неприфатливо. Ние не сакаме конфронтација, но, од друга страна, ваквите одлуки и ваквото избрзување, како и јасната политизација при носењето такви одлуки покренуваат многу прашања“, рече Песков.

Портпаролот потсети дека ставот на Москва во врска со одлуката на Европскиот суд го искажал министерот за правда, Константин Чујченко. Чујченко го нарече барањето на Европскиот суд за човекови права за ослободување на блогерот Алексеј Навални невидено, додавајќи дека е невозможно и нема правна основа.

Претходно, адвокатката на Навални, Олга Михајлова, откри дека Европскиот суд бара Русија веднаш да го ослободи Навални врз основа на Правилото 39 од Деловникот на Судот.

Според Михајлова, Русија мора веднаш да го ослободи Навални, во согласност со сегашните норми и сите меѓународни договори.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Трамп изјави дека САД нападнале три ирански нуклеарни постројки и дека „целосно ги уништиле“

Билд: Германската влада ќе обезбеди средства за дополнителни 10.000 војници до крајот на годината

Хутите се закануваат дека ќе нападнат американски бродови ако Вашингтон се вклучи во израелските напади врз Иран