Утрински Весник
Свет

Кремљ демантираше дека Путин се крие во бункер од почетокот на пандемијата

Кремљ демантираше дека Путин се крие во бункер од почетокот на пандемијата

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков ги отфрли гласините дека рускиот претседател Владимир Путин бил префрлен во посебен бункер поради пандемијата на коронавирус.

„Путин моментално живее во својата резиденција во Ново-Огарјово, каде што живееше уште пред пандемијата“, рече Песков.

Тој додаде дека Путин е во неговата резиденција во Ново-Огарјово и оттаму доаѓа во Кремљ, од каде повремено оди на службени патувања со авион, но не толку често колку што би сакал.

„Технолошките решенија му даваат ефект на присуство на места каде што е потребно“, нагласи Песков.

Што се однесува до тестирањето на коронавирус, Песков изјави дека рускиот претседател прави колку што е потребно за да се обезбеди сигурност, пренесува ТАСС.

Песков истакна дека во резиденцијата се и епидемиолози, специјалисти кои прават распоред на работа за шефот на државата од гледна точка на медицината.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Зеленски му го одзеде украинското државјанство на митрополитот Онуфриј поради врски со Русија и поддршка на московската патријаршија

Си-би-ес ќе му исплати 16 милиони долари на Трамп

Романски европратеник побара гласање недоверба на ЕК