Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Кремљ веднаш одговори на изјавата на Бајден дека Путин не може да остане на власт

Кремљ веднаш одговори на изјавата на Бајден дека Путин не може да остане на власт
300x250 opst2

Портпаролот на Владимир Путин, Дмитриј Песков реагираше на изјавата на претседателот на САД, Доналд Трамп дека „Путин не може да остане на власт“.

„За тоа нема да одлучи господинот Бајден. Тоа може да биде само избор на народот на Руската Федерација“, рече портпаролот на Путин.

Изјавата на Бајден,  медиумите ја протолкуваа како важна промена во пристапот на Америка кон Москва. Имено, американските функционери претходно изјавија дека симнувањето на Путин од власт не е цел на САД.

На почетокот на овој месец, американскиот министер за надворешни работи, Антони Блинкен, на прашањето за американската политика за промена на режимот во Москва, рече: „Не станнува збор за промена на режимот. Рускиот народ мора да одлучи кој сака да биде на чело на државата“.

Можете да прочитате

Трамп се закани со царини од 100% за увоз од Кина

19 лица загинаа во експлозија на фабрика во САД

Бура во Мексико: Над 20 загинати лица