Утрински Весник
Свет

Кремељ: Путин нема профили на социјалните мрежи

Кремељ: Путин нема профили на социјалните мрежи
Dik 300x250 mk

Рускиот претседател Владимир Путин нема време за социјални мрежи и тој е против тоа некој да управува со неговите профили наместо него, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Одговарајќи на прашања на рускиот Источен економски форум, Песков рече дека претседателот Путин нема личен профил на социјалните мрежи и дека причината е недостатокот на време за такво нешто, пренесе Тасс.

„ Претседателот Путин не сака профилите на социјалните мрежи да ги управува некој друг во негово име, бидејќи смета дека тоа не би било правилно“ додаде Песков.

Тој исто така, нагласи дека Кремљ, руската влада и одредени министерства се во обид да го прошират своето присуство на социјалните платформи, како и да ги подобрат напорите кон таа цел.

Можете да прочитате

Австралија ќе им обезбеди на жителите три часа бесплатна сончева енергија дневно

Украина ќе произведува оружје во Берлин и во Копенхаген

Италија го повика рускиот амбасадор поради изјавите на Захарова за кулата во Рим