Утрински Весник
Свет

Креаторите на „спутник в“ бараат извинување од ЕМА – „Можно е политичко мешање“

Креаторите на „спутник в“ бараат извинување од ЕМА – „Можно е политичко мешање“

Креаторите на „спутник в“ бараат извинување од висок функционер Европската агенција за лекови затоа што ја спореди можноста за итно одобрување на таа вакцина со руски рулет.

На официјалниот профил на Твитер на „спутник в“ е објавено дека овие коментари на Криста Виртумер-Хохе отвораат сериозни прашања во врска со можно политичко мешање во процесот на тестирање на вакцините.

„ЕМА не даде такви изјави за ниту една друга вакцина. Таквите коментари се несоодветни и го нарушуваат кредибилитетот на Агенцијата и на самиот процес на тестирање”, се вели во соопштението.

Се наведува дека вакцините и ЕМА треба да бидат надвор и над политиката.

Агенцијата „Тас “пренесува дека Виртумер-Хохе ја споредила можноста за итно одобрување на руската вакцина против коронавирус во Австрија со руски рулет.

На 4 март, ЕМА објави почеток на процес на експертиза за вакцината „спутник в“, при што ќе се испита усогласеноста на лекот со стандардите на ЕУ во областа на ефикасноста, безбедноста и квалитетот.

Некои земји на ЕУ веќе ја одобрија употребата на „спутник в“, без да чекаат ЕМА да ја регистрира вакцината. Вакцината во моментов е регистрирана во Унгарија и Словачка.

Ефикасноста на „спутник в“ е 91,6 проценти, објавено е неодамна во научното списание „Лансет“. Вакцината обезбедува целосна заштита од тешки случаи на коронавирус и е регистрирана во 46 земји, објави Тас.

Од друга страна, „војната“ околу вакцините се води и на бојното поле САД-Русија, бидејќи Белата куќа објави дека следат активности на руските разузнавачки служби кои ги поткопуваат вакцините на американските производители „Фајзер“ и „Модерена“.



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Русија го подготвува ракетниот систем „Сармат“ за оперативна готовност

На Германија годишно и се потребни 288.000 странски работници

Долниот дом на Парламентот во Австралија го усвои предлог-законот за забрана за користење на социјалните мрежи за деца под 16 години