Утрински Весник
Македонија

Крводарителска акција во Росоман

Крводатарителски акции во Желино и Тетово
Dik 300x250 mk

Росоман, 13 февруари 2020 (МИА) – Крводарителска акција се одржа денеска во Росоман и собрани се 16 крвни единици. Акцијата се одржа во организација на Црвениот крст Кавадарци, во соработка со Институтот за трансфузиона медицина – Скопје.

– Според годишниот план за крводарителство на Црвениот крст Кавадарци, треба да се реализираат 1.184 крвни единици. Во изминатата 2019 година, во двете општини Кавадарци и Росоман беа собрани 2.120 единици крв. Тоа е за 936 повеќе од предвидениот план, рече Димитар Каракулев, претседател на Општинската организација на Црвен крст Кавадарци.

Додаде дека со овој резултат кавадаречкиот Црвен крст како организатор на овие крводарителски акции, е меѓу водечките во државата. свд/рп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Тешко повреден 78-годишник, се превртел со трактор

МВР: Гласањето од вториот круг на „Локални избори 2025“ се одвива мирно

Се соблекувал пред две малолетнички и ги вознемирувал