Утрински Весник
Македонија

Крводарителска акција во Општина Бутел

Крводарителска акција во Општина Бутел

Скопје, 14 април 2020 (МИА) – Во просториите на Општина Бутел денеска се одржа крводарителска акција, во која учество земаа многу хумани граѓани и вработени во Општина Бутел, вклучувајќи и наставници од општинските основни училишта и градоначалникот Велимир Смилевски.

Како што соопштија општинските власти крводарителските акции кои ги организира Општината имаат за цел да ги зголемат резервите на крв, да ја подигнат свеста за важноста на крводарителството, но и  да придонесат во постојаната борбата од потреба за пациентите каде е неопходна во  новонастаната ситуација.

Солидарност и доброволност е важноста за крводарителството, а денеска Бутел покажа голема хуманост преку дарување на крв, кој е лек за кој не постои соодветна замена, се наведува во соопштението на Општина Бутел. сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Силниот ветер го однесе кровот на средно училиште во Гевгелија

Панчевски најави кривична пријава против членовите на Советот на јавни обвинители

Кој бил во владиниот авион заедно со Мицкоски, прашува СДСМ