Утрински Весник
Македонија

Крводарителска акција во кривопаланечката пожарна

Крводарителска акција во кривопаланечката пожарна

Крива Паланка, 21 мај 2020 (МИА) – Со денешната традиционална крводарителска акција што се одржа во Територијалната противпожарна единица, на која се собрани 51 единица крв, во Крива Паланка беше одбележан денот на пожарникарите.

Крводарителската акција траеше од девет до петнаесет часот и покрај припадниците на ТППЕ Крива Паланка, крв даруваа и останати граѓани.

– Нашата професија е одговорна и хумана, а пожарникарите се и спасители, така што освен целогодишната посветеност во служба на безбедноста на граѓаниет и општото добро, денес на симболичен начин, како и во изминатите пет години, ја покажавме хуманоста со дарување крв. Акцијата се одржува во соработка со Општинска организација на Црвен крст, Крива Паланка со кои имаме одлична соработка и поддршка во текот на целата година, изјави Иле Коцевски, командир на ТППЕ Крива Паланка.

Противпожарната единица во Крива Паланка во 2019 година беше кадровски зајакната, сега брои 16 вработени, а минатата година добија и нови униформи и опрема од општината.

Секретарот на ОО Црвен крст, Крива Паланка, Дарко Пешовски истакна дека акцијата е организирана согласно сите препораки и мерки од Владата и Министерството за здравство.

– Пријавување за дарување на акцијата се вршеше исклучиво со претходно закажување на телефон или на Фејсбук- профилот на Црвен крст, Крива Паланка, по што пријавените  довиваа термин. Како одговорна организација во целост ги почитуваме оперативните планови на Институт за трансфузиона медицина , Црвен крст РС Македонија,  и одлуките на Министерство и Владата, рече Пешовски. иб/цр

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Скопје никако да се спаси од загадувањето, повторно во топ 10 најзагадени градови во светот!

Д-р Јовановски на подкаст ЗРАК: Има различни методи на реконструкција по мастектомија

Кузмановска: Хема – Онко нуди поддршка за лицата заболени од канцер