Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Крводарителна акција во земјоделското училиште во Тетово

Крводарителна акција во земјоделското училиште во Тетово
Img 7972

Тетово, 6 март 2020 (МИА) – Дванаесет единици крв се собраа при денешната крводарителска акција во средното стручно училиште „Моша Пијаде” во Тетово, која ја организираа Општинската организација на Црвениот крст во Тетово и Центар за Трансфузиона Медицина од Тетово – Македонија. Акцијата беше еднодневна и траеше од 9.00 до 15.00 часот.

– Наредната недела се планираат две нови акции за дарување крв. Во вторник 10 март акцијата е во средното стручно училиште „Ѓоце Стојчески” од 13.00 до 16.00 часот. Во петок 13 март, акција од 10.00 до 13.00 часот ќе има во полициската станица во Тетово, информира Шклќим Мурати, секретар на тетовскиот Црвен крст.

Минатиот месец 60 единица крв се собраа од вработените и припадници на Армијата стационирани во касарната „Кузман Јосифоски-Питу“.ас/см/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Шајн: Време е за промени во Охрид, охриѓани ќе изберат нов концепт, проекти и резултати

Тасевски vs Ристески – нова криза во М-НАВ

Филипче од Охрид: Да кренеме глас и да се бориме против самоволието на ДПМНЕ