Утрински Весник
Спорт

Крај на кошаркарската сезона во Првата лига без да се прогласи шампион

Крај на кошаркарската сезона во Првата лига без да се прогласи шампион
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Скопје, 14 мај 2020 (МИА) – Кошаркарската федерација на Северна Македонија денеска соопшти дека е донесена одлука за завршување на Првата лига во машка конкуренција без да се прогласи шампион.

Одлуката со убедливо мнозинство поминала на гласањето на Управниот одбор.

Нема да има испаѓање во понизок ранг, додека две екипи од Втората лига ќе бидат нови прволигаши следната сезона.

Останува да се види реакцијата на лидерот на табелата до прекинот на првенство, тимот на МЗТ Скопје Аеродром, кој најави напуштање лигата при ваков епилог. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Вардар предложи јужната трибина да го носи името Васил Рингов

Нов трипл-дабл за Јокиќ, но пораз на неговиот тим

Јувентус по три победи во низа, се проби на третото место