Утрински Весник
Свет

Кралството Бутан во карантин само поради еден заболен од Ковид-19

Кралството Бутан во карантин само поради еден заболен од Ковид-19

Бутанските власти за прв пат прогласија општ карантин, откако еден граѓанин кој е позитивен на коронавирус бил во близок контакт со луѓе во главниот град.

Одлуката, со која ќе се ограничи движењето на граѓаните на земјата со 750.000 жители, е донесена откако 27-годишна бутанска државјанка по враќањето од Кувајт била тестирана за коронавирус и како негативна била пуштена од изолација. Но, при повторните тестови таа била позитивна ан Ковид-19, пренесува Ројтерс.

Оваа неочекувана целосен карантин е воведен со цел полесно да се откријат контактите на заразената жена и да се запре ширењето на вирусот, соопштија надлежните.

Бутан, иако е земја којашто зависи од туризмот, ги затвори своите граници во март откако американски турист беше тестиран позитивно за Ковид-19 и нареди тринеделен карантин за сите оние коишто се враќаат од странство.

Вкупно 113 луѓе биле заразени во тоа мало кралство на Хималаите.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Наводи за употреба на експериментално оружје во операцијата против Мадуро

Шведска ќе инвестира 1,6 милијарди долари во системи за воздушна одбрана

Данска потврди дека Марко Рубио ќе се сретне со данскиот шеф на дипломатија за Гренланд