Принцот Хари и Меган Маркл би можеле да ги изгубат своите титули војвода и војвотка од Сасекс, објавија британски весници во неделата, повикувајќи се кралски соработници, кои тврдат дека „сè е на маса“ по фамозното интерву за Опра.
Официјални лица на палатата, наводно дискутирале дали Хари треба да биде лишен од титулата војвода.
На принцот Хари веќе му беа одземени воените титули и покровителства.
Според „Тајмс“, високи соработници во палатата минатата недела заклучиле дека на Хари може да му биде одземено војводството или да му биде побарано да го врати, бидејќи оваа титула ја добил кога работел за монархијата.
И принцот Хари (36) и Меган Маркл (39) избраа да живеат во Калифорнија и да не преземаат кралски должности.
Официјалните лица признаваат дека таквиот потег би бил „голем чекор“, со што всушност се раскинува минатогодишниот договор за заминувањето на двојката.
Прашањето сè уште не е поставено кај кралицата, која треба да одобри ваков потег, според „Сандеј тајмс“.
Според кралски извор, кралицата е прилично вознемирена од одлуката на Хари и Меган да говорат за приватниот живот во телевизиско интервју што ќе се емитува во понеделник во Велика Британија, а вчера беше прикажано во САД.
„Имаше разговори во Палатата во врска со тоа како да му се одземе војводството“, изјави изворот за весникот. „Никогаш порано не е сторено такво нешто, но има луѓе кои сметаат дека тоа е изводливо и пожелно.“