Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Кралот Надал со 99. победа на „Ролан Гарос“ за ново финале!

Кралот Надал со 99. победа на „Ролан Гарос“ за ново финале!
Img 7972

Рафаел Надал ја забележа неверојатната 99. победа на својот омилен турнир „Ролан Гарос“ за да го совлада аргентинскиот 12. носител Диего Шварцман со 6:3/6:3/7:6(0) и да се пласира во ново финале на Франција опен, каде што ќе оди на неверојатна 13. титула.

Во финалето Надал ќе се судри со подобриот од дуелот меѓу светскиот број 1, Новак Ѓоковиќ, и грчката сензација Стефанос Циципас.

Ова е слатка одмазда за Надал откако Шварцман минатиот месец првпат по 10 обиди, успеа да го совлада Шпанецот на мастерсот во Рим, меѓутоа на својот омилен терен „Филип Шартие“ и покрај студеното време, Надал не дозволи изненадување.

Тој ги освои првите два сета со по еден брејк, пред и во третиот да има брејк предност, но упорниот Шварцман го предизвика и се врати за тај-брејк, кој на крајот го загуби со 7:0.

В недела Надал ќе има вистински предизвик, можен дуел со својот стар ривал Ѓоковиќ и шанса да ја освои својата 20. гренд слем титула, со што би се израмнил со уште еден стар ривал, рекордерот Роџер Федерер.

> Кралот Надал со 99. победа на „Ролан Гарос“ за ново финале! <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Македонските одбојкари во група со Бугарија, Полска, Украина, Португалија и Израел

Дарио Ивановски е победник на Скопскиот маратон

ПМФЛ: Прв бод за Шкупи во новата сезона, нерешено и во Струмица