Утрински Весник
Магазин

Кралицата испрати приватна порака со сочувство по смртта на сер Том Мур

Кралицата испрати приватна порака со сочувство по смртта на сер Том Мур

100-годишниот воен ветеран, кого кралицата го прогласи за витез минатото лето, почина во болница од коронавирус.

Капетанот сер Том Мур ги освои срцата на своите сонародници кога собра приближно 33 милиони фунти во добротворни цели за да му помогне на британското здравство во борбата против коронавирусот.

На 2 февруари, „Би-би-си Њуз“ објави дека ветеранот бил пренесен во болницата Бедфорд во неделата, откако минатата недела бил позитивен на тестот за Ковид-19. Тој не ја примил вакцината против Ковид-19 поради терапијата што ја примал за пневмонија.

Членовите на кралското семејство беа меѓу оние што му оддадоа почит со објави на нивните канали на социјалните мрежи најавувајќи: „Кралицата испраќа приватна порака со сочувство до семејството на капетанот Сер Том Мур. Нејзиното височество уживаше во средбата со капетанот Сер Том и неговото семејство минатата година во Виндзор. Нејзините мисли и мислите на кралското семејство се со нив.“

 

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста