Утрински Весник
Македонија

Крадел пари од црква, приведен крадец од гостиварско

Крадел пари од црква, приведен крадец од гостиварско
Dik 300x250 mk

42-годишен жител на село Врапчиште се сомничи дека извршил тешка кражба од црква во гостивaрско.

Според полицијата вчера околу 11.10 часот на улица „Гоце Делчев“ во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 42-годишниот Н.А. од гостиварско Врапчиште поради сомнение дека во периодот 18/19 септември извршил тешка кражба во црквата „Свети Петар“ во гостиварска Долна Бањица, при што одзел пари.

Увид извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар, додека Н.А. е задржан во полициска станица за расчистување и документирање на случајот и во текот на денешниот ден со соодветен поднесок ќе биде изведен пред судија во претходна постапка на Основниот суд Гостивар.

Можете да прочитате

Новата работна недела ја почнуваме со многу повеќе сонце и со суво време

ВМРО-ДПМНЕ води во 52 општини, СДСМ во 9, ВРЕДИ во 8 и НАИ во 5 општини

Мицкоски: Победа во над 30 општини, Орце води убедливо во Скопје