Утрински Весник
Свет

Кој кого треба да нападне? Бајден направи нов лапсуз

Кој кого треба да нападне? Бајден направи нов лапсуз

Нов лапсуз на американскиот претседател се шири на социјалните мрежи, пренесуваат светските медиуми.

Американскиот претседател Џозеф Бајден направи грешка на прес-конференцијата со германскиот канцелар Олаф Шолц. Тој рече дека „Германија ќе ја нападне Украина“.

„Прво да одговорам на првото прашање. Ако Германија… ако Русија изврши инвазија, ако нејзините тенкови и војници повторно ја преминат границата со Украина, тогаш повеќе нема да има Северен тек 2. Ќе ставиме крај на тоа“, рече Бајден.

Киев и западните земји неодамна изразија загриженост поради наводното зголемување на руските „агресивни дејствија“ во близина на границите на Украина. Русија постојано ги негираше обвинувањата за агресивни дејствија на Западот и Украина, наведувајќи дека никому не се заканува и нема намера да нападне никого, а изјавите за руска агресија се користат како изговор за распоредување што повеќе воена опрема на НАТО близу руските граници.

Можете да прочитате

Речиси 1.900 камиони со хуманитарна помош се дистрибуирани минатата недела во Газа, според Израелска агенција за координирање помош

Поранешниот премиер на Чад осуден на 20 години затвор за поттикнување насилство

Белата куќа размислува да го повика Зеленски на Алјаска