Утрински Весник
Свет

Која е пораката на Зеленски? – фотографиран со убавата сопруга, насмеан и среќен, додека луѓе умираат во војната

Владимир и Олена Зеленски кренаа бура во јавноста позирајќи за насловната страница на најновото издание на „Вог“, а нивните фотографии предизвикаа бурни реакции во јавноста, главно негативни.

dobivaj vesti na viber

Во интервју за „Вог“, Олена Зеленски зборуваше за тоа како нејзиниот сопруг не можел да ги види децата од почетокот на војната со Русија повеќе од пет месеци поради постојани безбедносни грижи, колку му било тешко, колку сите страдале.

Во одвоено интервју за „Вог“, претседателот Зеленски зборуваше за тоа колку е болно загрижен за своето семејство, за ужасите што се случија на периферијата на Киев и за ужасите што се случуваат сега „на окупираните територии“ на Украина.

View this post on Instagram

A post shared by Vogue (@voguemagazine)

Признанијата се придружени со фотографии кои предизвикаа бурни реакции во јавноста. Парот е предмет на потсмев, а повеќето читатели кои имаат негативни коментари се прашуваат од каде им е моралното право така да се однесуваат.

Според некои теоретичари, овој потег е наменет исклучиво за публиката на „Вог“, бидејќи списание кое чини 25 долари не го купуваат луѓе од улица кои немаат пари да врзат крај со крај. Суштината е во манипулацијата за која точно се знае кому му е наменета.

Можете да прочитате

Германија ја обвини Кина дека употребила ласер врз германски авион

Еден прободен, седум полесно повредени во трките со бикови во Памплона

Израел ќе изгради камп во Појасот Газа за 600.000 Палестинци