Утрински Весник
Македонија

Коѕијас: Ние сме на вистинската страна на историјата

Коѕијас: Ние сме на вистинската страна на историјата

Атина, 17 јуни 2020 (МИА) – По повод двегодишнината од потпишувањето на Договорот од Преспа, поранешниот шеф на грчката дипломатија, Никос Коѕијас, на неговиот официјален „Твитер“ профил објави фотографија со министерот за надворешни работи, Никола Димитров и порака дека се на вистинската страна на историјата, јави дописничката на МИА од Атина.

-Поминаа две години, пријателе. Животот нè оправда. Промовиравме соработка и пријателство меѓу нашите луѓе и нашите земји. Ние сме на вистинската страна на историјата. Од затвор, историјата ја претворивме во училиште на иднината, напиша поранешниот шеф на грчката дипломатија на неговиот официјален „Твитер“ профил.

Фотографијата и статусот на Коѕијас ги сподели Никола Димитров, кој додаде дека докажале дека чудата се можни.

-Со зборовите на Мандела, „секогаш изгледа невозможно сè  додека не се заврши“. Ние докажавме пријателе, дека чудата се можни. Дека ние на Балканот, можеме да решаваме и нерешливи  спорови на европски начин. Нашите држави и во состојбата и во пријателството  ги направивме поголеми, напиша Димитров, одговарајќи му на Коѕијас. ср/вг/

 



Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Коцевски му одговори на Мицкоски: Обвинител имаше вирус, но потоа одржа состаноци со полицијата

Одреден осумдневен притвор за тројца од вчерашните настани каде беше сквернавено државното знаме

(Видео) Аерозагадувањето е темата на новата епизода од подкастот ЗРАК со д-р Мариа