Утрински Весник
Спорт

Кошаркарската сезона ќе започне на 31.октомври

Кошаркарската сезона ќе започне на 31.октомври
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Новата сезона во кошаркарскиот шампионат на Македонија ќе започне на 31.октомври. Од Кошаркарската федерација на Македонија објавија дека пред почетокот на сезоната секој учесник во натпреварувањето пред почетокот на натпреварувањето е должен да потпише изјава-согласност со која ќе потврди дека ќе ги почитува општите мерки за превенција и заштита од Ковид-19 пропишани од страна на надлежните државни органи и од страна на федерацијата.

„Раководејќи се според актуелниот здравствен и безбедносен билтен кај клубовите од Прва лига-мажи, и имајќи го во предвид фактот дека екипите кај кои беа забележани позитивни тестирања од Ковид-19 не можеа да го реализираат во целост тренажниот процес пред 21. октомври, раководството на федерацијата одлучи првото коло од новата натпреварувачка сезона 2020/2021 да се одигра на 31. октомври.

Во таа насока, секој учесник во натпреварувањето пред почетокот на натпреварувањето е должен да потпише изјава-согласност со која ќе потврди дека ќе ги почитува општите мерки за превенција и заштита од Ковид-19 кои важат во делокругот на кошаркарскиот спорт, како и дека ќе ги почитува најавените протоколи за превенција и заштита од Ковид-19, од страна на надлежните државни органи и од страна на федерацијата. Вклучително и посебните мерки за превенција и заштита од Ковид-19 наложени од организаторот на натпреварувањата во рамките на федерацијата.

Федерацијата секојдневно ќе ја следи состојбата во нашата држава од здравствен аспект и во консултации со Комисијата за заразни болести и Институтот за јавно здравје, по потреба ќе бидат донесени и дополнителни одлуки за почеток и реализација на понатамошниот тек на натпреварувањето“, стои во соопштението кое е објавено на интернет-страницата на Кошаркарската федерација на Македонија.

фото/kfsm.mk

> Кошаркарската сезона ќе започне на 31.октомври <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Мбапе го израмни рекордот на Роналдо со гол против Севилја

РФМ полноправна членка на медитеранското ракометно семејство

Халанд го престигна Роналдо по број на голови во Премиер лигата