Утрински Весник
Спорт
Img 7972

Кочан студено! Фински олимпиец се жали дека му се замрзнал пенисот

Кочан студено! Фински олимпиец се жали дека му се замрзнал пенисот
Img 7972

Саботниот „скијачки маратон“, трката во крос-кантри скијање на 50 километри на Олимпијадата во Пекинг беше скратен на 30 километри поради студот во кинеските планини, но тоа не му помогна на финскиот скијач Реми Линдхолм, кој признава дека имал смрзнатина на „незгоден дел од телото“.

Линдхолм скијаше час и 16 минути на силните ветришта и вели дека неговиот пенис се смрзнал вторпат во неговата кариера, по сличен инцидент на домашната трка во Рука минатата година.

„Можете да погодите кој дел од телото беше малку замрзнат кога ја завршив трката. Ова беше едно од најлошите натпреварувања на кои сум учествувал. Битка до крај. Потоа кога се згреав, болката беше огромна“, открива Линдхолм за финските медиуми.

> Кочан студено! Фински олимпиец се жали дека му се замрзнал пенисот <

Можете да прочитате

Србија остана без бодови и без селектор по поразот од Албанија

Младата репрезентација ја совлада Ерменија во евроквалификациите

Првенствените натпревари во фудбал се одложуваат поради Локални избори 2025