Утрински Весник
Македонија

Коциќ: Пратениците во Собранието треба да покажат одговорност во носењето на конечната одлука

Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Владата до Собранието ја достави информацијата за предлог-преговарачка рамка претставена од француското претседателство со ЕУ за почеток на преговорите.

dobivaj vesti na viber

Пратеникот на СДСМ, Ненад Коциќ, на прес-конференција објави дека пратениците од сите политички партии имаат одговорност да работат за граѓаните, а не за нечии туѓи интереси, и да обезбедат европска иднина на државата.

„Сите политички партии, сите пратеници во Собранието треба да покажат одговорност, државност, да придонесат со дијалог, конструктивност во носењето на конечната одлука. СДСМ како државотворна партија има заклучоци кои гарантираат доследно придржување кон определбата за безусловно почитување на јазичните, идентитетските, историските и културните особености на македонскиот народ. Како елементи за кои не се преговара во било кое време и околности, односно не се дел од преговарачкиот процес“, рече Коциќ.

Тој порача дека треба да се постапува целосно во согласност со стратешките определби на земјата за интеграција и полноправно членство во Европската Унија со исклучување на билатерални историски и образовни елементи во рамката. Секако, рече Коциќ, се што ќе се усвои треба да биде во рамки на црвените линии дефинирани во Резолуцијата што пратениците со консензус ја усвоија.

 

Можете да прочитате

Делумен прекин на железничкиот сообраќај, во бојкот дел од машинскиот и извршниот персонал

2026 нема да биде спектакуларна, но може да биде пресвртна

Обвинителен акт за возачот кој го усмрти велосипедистот Јорго Ќука