Утрински Весник
Македонија

Костовски: Родна Живковска била донатор на ВМРО-ДПМНЕ, нејзиниот син е претседател на Совет на општина Кисела Вода

Dik 300x250 mk

Предлогот од ВМРО-ДПМНЕ за уставен судија, Родна Живковска не е личност која нема допирни точки со политиката, туку напротив, таа е донатор на ВМРО-ДПМНЕ, порача пратеникот на СДСМ Мартин Костовски на денешната седница на Комисијата за прашањата за изборите и именувањата.

„ Професорката Родна Живковска е донатор на ВМРО-ДПМНЕ. На 14 февруари 2020 година, таа уплатила 25.000 денари на сметката на ВМРО-ДПМНЕ. Исто така многу е битно да се спомене дека нејзиниот син, Иван Живковски е претседател на Советот на општина Кисела Вода. Покрај тоа што е претседател на Советот, Иван Живковски склучил договор со ЈП лајка за адвокатски услуги што претставува судир на интереси“ истакна Костовски, додавајќи дека за уставни судии треба да се изберат професионални кадри кои немаат никаква врска со политички партии.

Можете да прочитате

ЛДП: Поверениците во четирите општини да не можат да се кандидираат за градоначалници на повторените избори

Во Македонскиот КИЦ во Загреб заврши фестивалот на современата македонска книжевност

Најмногу дожд изминатото деноноќие во Пожаране и Попова Шапка