Утрински Весник
Македонија

Костовски: Пресудата во предметот „Таргет-Тврдина“ нов пораз за Мицкоски

Костовски: Пресудата во предметот „Таргет-Тврдина“ нов пораз за Мицкоски

Денешната пресуда против обвинетите во предметот „Тврдина-Таргет“ според пратеникот од СДСМ, Мартин Костовски е потврда дека времето на партизираното судство е завршено.

Според партијата на власт, во државата се случува правда и законите важат за сите подеднакво.

„Изречена е првата пресуда за нелегалното прислушување што Сашо Мијалков и врвот на ВМРО-ДПМНЕ со години го практикувале. Со ова, стигна правдата за над 20.000 граѓани, кои незаконски биле прислушувани со години, само затоа што не мислеле и делувале како врвот на ВМРО-ДПМНЕ. Оваа пресуда е силен удар кон остатоците на режимот на ВМРО-ДПМНЕ спроведуван од Груевски, Мијалков, Јанкуловска и многу други, кој се уште вирее во Белата палата“, истакна Костовски.

„Очекуваме и сите други случаи и предмети, покренати од Специјалното јавно обвинителство и од другите обвинителства кои се водат во судовите, да добијат разрешница и одговорните да бидат соодветно казнети. Со денешната пресуда паднаа во вода сите лаги на ВМРО-ДПМНЕ и потрчкото на Мијалков и Груевски, Христијан Мицкоски“, додаде тој.

Според него, со пресудата како што рече, Мицкоски доживеа уште еден пораз.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

„Ние на гробовите фрламе вода, тие со децата на одмор“ – гнев и тага на родителите од Кочани

Свечено затворен ЕМОФ 2025 – 24info.mk

Тошковски од Охрид: Преку средбите и дружењата на граѓаните со полицијата создаваме цврста нишка на меѓусебна доверба