Утрински Весник
Македонија

Костовски од СДСМ: Мицкоски да се откаже од натамошни блокади и опструкции

Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

„Сега, кога темата за парламентарните избори е затворено прашање до 2024 година, Мицкоски треба да се откаже од натамошни блокади и опструкции. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ треба да покажат одговорност и конструктивност, законските решенија за граѓаните и помош во време на криза да бидат усвоени“, изјави на денешната прес-конференција пратеникот на СДСМ, Мартин Костовски.

Тој наведе дека има многу примери во светот кога во време на глобална криза опозицијата и власта работат во интерес на граѓаните.

„Тоа го нема никаде, освен кај ВМРО-ДПМНЕ. Затоа, повикуваме на разум, ВМРО-ДПМНЕ сега треба да покаже конструктивност, да почне да работи за интересите на граѓаните наместо за личните амбиции на Мицкоски. Граѓаните во овој чувствителен период од сите политички субјекти со право очекуваат одговорност, работа и посветеност во надминување на последиците од глобалната криза“, рече Костовски и порача дека пораката на граѓаните до Мицкоски е дека „не сакаат блокади и опструкции, туку очекуваат одговорност од сите партии“.

Можете да прочитате

Предлог законот за ратификација на Договорот за изградба на железничкиот тунел меѓу Бугарија и Северна Македонија го помина комисискиот филтер

ТХП: Потребна е конкретна и непосредна иницијатива од страна на Владата за дијаспората да се врати и инвестира во Македонија

Четврта изведба на оперетата „Лилјакот“ во МОБ