Утрински Весник
Македонија

Коста Петров поднесе оставка од директорската позиција во Фонд за иновации и од потретседателската во СДСМ

Коста Петров поднесе оставка од директорската позиција во Фонд за иновации и од потретседателската во СДСМ

Коста Петров заминува од директорската позиција во Фондот за иновации и технолошки развој. За одлуката сподели сам, со објаснување што се направил за нешто повеќе од една година. Тој се заблагодари на тимот со кој работел и посочи дека се повлекува и од функциите во СДСМ односно од политика.

„ Воедно, ова е и моја последна активност како Директор на Фондот за иновации и технолошки развој. Голема благодарност до сите наши партнери, корисници, интернационални организации и членовите на Националниот стартап совет за безрезервната поддршка овие 14 месеци. Најголема благодарност до моите колеги од ФИТР за рекордните успеси во 2021 година“, напиша Петров.

Тој доставил и оставка до СДСМ од потпретседателската функција.

„ Уште еднаш огромна благодарност до сите за поддршката! Со оставката што денес ја доставив до Централниот одбор на СДСМ, после две и пол години, и официјално го завршувам ова мое политичко патување. Бескрајно сум благодарен за научените лекции. Време е за нови предизвици! Се гледаме на врвот!“, додаде тој.

Можете да прочитате

Капетановиќ: Кариерните патеки веќе не се толку линеарни, не се важни само дипломите, туку вештините, способностите и адаптабилноста

Приведено лице од Валандово за физички напад и поседување огнено оружје и муниција

Филипче: Членството во ЕУ носи пристап до европски фондови и до 40 милијарди евра