Утрински Весник
Македонија

Костадинов: Со именувањето на Ковачки, Мицкоски спроведува милитаризација на ВМРО-ДПМНЕ

Костадинов: Со именувањето на Ковачки, Мицкоски спроведува милитаризација на ВМРО-ДПМНЕ

Наместо демократизација извршителот Мицкоски спроведува милитаризација на ВМРО-ДПМНЕ. Со единствена цел, што подолго да ја задржи својата партиска фотелја во белиот дворец, изјави денеска на прес-конференција, портпаролот н СДСМ, Костадин Костадинов.

Тој оцени дека внесувањето на Драги Ковачки, полковник на Армијата, за член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ е неетички и демократски преседан.

Дополнително, како што изјави Костадинов, ова е обид да се наштети на високиот углед кој што Армијата го има, го гради и го чува, како земја членка на НАТО, пријател со демократскиот свет.

„Нема и не смее да има место за политика во Армијата. Припадниците на Армијата се на сите граѓани, треба да ја штитат државата и граѓаните, и во демократски општества нивното место не е во партиите. Како по примерот на некои земји од Латинска Америка, воени лица парадираат во белиот дворец на партиски позиции. Освен во режими воод Латинска Америка и Африка, ваквите појави не постојат во ниту една западно-демократска партија“. рече Костадинов.

Додаде дека овој чин на милитаризација на ВМРО-ДПМНЕ покажува колку е очаен Христијан Мицкоски, кој поразен од граѓаните стравува за својата партиска фотелја.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Групни и индивидуални маски низ вевчанските улици

Судиите на 29 јануари ќе избираат член на Судскиот совет од редот на судиите од немнозинските заедници

Судот му изрече 17 години затвор на турскиот државјанин кој уби сонародник во кафуле во Штип