Утрински Весник
Македонија

Костадинов: Наместо да бара одговорност за партиските пари, Мицкоски го штити Камчев

Костадинов: Наместо да бара одговорност за партиските пари, Мицкоски го штити Камчев

На докажаниот губитник Христијан Мицкоски, поважен му е тајкунот на режимот – Орце Камчев, отколку парите од партиската каса, парите на членовите на ВМРО-ДПМНЕ, изјави на прес-конференција, портпаролот и пратеник на СДСМ, Костадин Костадинов.

„Очигледно е дека големи се хипотеките на Мицкоски кон Камчев па затоа прави се за да му помогне на овој тајкун од времето на режимот. Наместо Мицкоки да биде првиот кој ќе повика на брза разрешница на предметот „Плацовите на Водно“, тој на Камчев му го донира првиот човек на правната комисија на ВМРО-ДПМНЕ, Тони Менкиновски како бранител. Токму Камчев заедно со Никола Груевски и Сашо Мијалков се осомничени во овој предмет за наводна злоупотреба на 1,3 милиони евра пари од донации за ВМРО-ДПМНЕ кои менторот на Мицкоски, Никола Груевски ги искористил за купување на плацови од десетици илјади квадратни метри на Водно“, вели Костадинов.

Портпаролот на СДСМ смета дека на Мицкоски не му е до правдата, граѓаните или членовите на неговата партија, туку му е важно само да ги одбрани криминалците во редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Тошковски: Македонија не заслужува да биде држава ако немаме правда за Кочани

Пристигнаа компресивните костуми за повредените во пожарот во дискотеката „Пулс“ – прва пратка предадена во Кочани

Сиљановска-Давкова од Тирана: Интеграцијата на регионот е неодложен геополитички и безбедносен императив за ЕУ