Утрински Весник
Економија

Костадинов: Зголемен повратот на ДДВ кон компаниите, раст на индустријата во декември

Костадинов: Зголемен повратот на ДДВ кон компаниите, раст на индустријата во декември
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Навремените и ефикасни економски мерки што ги презеде Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев дадоа резултати во ублажување на последиците од коронакризата врз економијата. Ова го истакна портпаролот и пратеник на СДСМ, Костадин Костадинов на прес-конференција.

„И покрај тоа што 2020 беше година на економска и здравствена криза, во стопанството се слеале 397,4 милиони евра по основ на поврат на ДДВ кон фирмите. За цела 2020 година извршен е поврат на скоро 34% од бруто наплатениот данок на додадена вредност. За споредба, во 2019 година извршен е поврат од 32%, во 2018 од 31%, во 2017 од 28%, а во 2016 година 26% . Уште еден охрабрувачки податок е растот на индустриското производство во декември 2020 година. Според официјалните податоци, индустриското производство во декември е зголемено за 2,5 отсто и е прв месец од почетокот на пандемијата во кој индустријата бележи раст“, рече Костадинов.

Како што посочи, СДСМ ќе продолжи со сериозни и ефикасни економски политики што ќе овозможат рестарт на економијата и враќање на стапките на раст пред коронакризата.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Миноски: Македонија функционира по олигархиски модел – државата работи за малкумина, а мнозинството плаќа

Димитриеска-Кочоска: Еврообврзницата ќе се издаде во првиот квартал од 2026 година во два дела со различна рочност

Македонија доби 13,56 милиони евра грант за модернизација на Коридорот 10