Утрински Весник
Македонија

Костадинов: Законот за ЈО е гаранција за воспоставување правна држава, само ВМРО-ДПМНЕ е против него

Костадинов: Законот за ЈО е гаранција за воспоставување правна држава, само ВМРО-ДПМНЕ е против него

Скопје, 24 февруари 2020

Законот за Јавно обвинителство е гаранција за воспоставување правна држава, за почитување на принципите за владеење на правото и за недвосмислената борба против криминалот и санкции за сите кои сториле кривично дело.

СДСМ како одговорна и демократска партија преку Законот за јавно обвинителство овозможува ослободување на правосудството и создава услови за независно и професионално постапување на судиите и обвинителите.
Ја користиме приликата уште еднаш да ги изнесеме фактите за Законот за јавно обвинителство, оние против кои ВМРО ДПМНЕ нема никакви аргументи, а кои носат ефикасен и применлив закон против сите кои сториле криминал.
Имено, продолжуваат предметите на СЈО кои се во фаза на судско постапување  и нема законска пречка да им се суди на партиските криминалци од редовите на ВМРО ДПМНЕ. Затоа го повикуваме судот да престане со бескрајното одложување на процесите и конечно да создаде услови за секојдневни судења.
Продолжуваат истрагите и предистрагите на СЈО кои беа запрени со Мислењето на Врховниот суд иницирано од судијата Јово Вангеловски, кој важеше за судски заштитник на криминалот на ВМРО ДПМНЕ. Затоа ги охрабруваме обвинителите сега кога се ослободени од закани и притисоци да ги завршат започнатите истраги.
Исто така многу важно прашање за граѓаните и за независното постапување на јавните обвинителства е фактот дека со законот се овозможува избор на обвинители без влијание на политичари и политички партии.
И на крај, уште еднаш одговорно пред граѓаните тврдиме дека со законот нема никаква скриена амнестија. Таа амнестија е само во криминалниот ум на ВМРО ДПМНЕ и ја користи во лажната пропаганда против законот.
Токму ВМРО ДПМНЕ е партијата која не сака да се соочи со фактите кои произлегуваат од Законот за јавно обвинителство затоа што целото нивно постоење и функционирање почива врз криминал и корупција.
Граѓаните веќе го препознаваат дволичното однесување на Христијан Мицковски кој преку законот имаше една цел – како да се запрат истрагите и судските постапки на СЈО, а со тоа од одговорност да се амнестираат криминалците од ВМРО ДПМНЕ.
ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски нема што да понудат освен одбрана на криминалот и обнова на режимот. Со таква понуда јасно е дека ги чека нов пораз на 12 април.
Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Скопје никако да се спаси од загадувањето, повторно во топ 10 најзагадени градови во светот!

Д-р Јовановски на подкаст ЗРАК: Има различни методи на реконструкција по мастектомија

Кузмановска: Хема – Онко нуди поддршка за лицата заболени од канцер